АктуелноДомашна сценаКарате
Утре ќе се одржи Државното карате првенство за сениори

Утре во Скопје ќе се одржи Државното карате првенство за сениори.
Првенството ќе се одржи во спортската сала „Крсте Мисирков“ во населбата Методија Андонов – Ченто, Скопје.
Државното првенство е и изборно за селектирање на репрезентацијата за Европското првенство за сениори, што ќе се одржи во периодот од 20 до 24 мај во Франкфурт, Германија.
За ова првенство се пријавени 91 каратист со 81 натпреварувачки влез oд 29 клубови, во машка и женска категорија, во дисциплините кати и борби.
Натпреварите ќе започнат во 10 часот и истите ќе бидат пренесувани на каналот на МОК ТВ.



