АктуелноМеѓународна сценаММА

Џо Пајфер со прекин во втората рунда го победи поранешниот шампион Израел Адесања

Џо Пајфер (16-3 MMA) го победи поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања, во главната борба на УФЦ Фајт најт во Сиетл.

Американецот го победи Изи со технички нокаут 42 секунди пред крајот на втората рунда, нанесувајќи му го четвртиот пораз по ред.

Пред одличниот финиш на домашниот борец, двајцата ги разменија најдобрите удари во натпреварот, а потоа Пајфер го собори Адесања, што значеше почеток на крајот.

„Имам менталитет каде што повеќе не ми е гајле за ништо, барам и уништувам“, рече Џо Пајфер по победата, која ја постигна многу убедливо.

Адесања последен пат победи во април 2023 година кога го совлада Алекс Переира во меч за титулата во средна категорија.

Поранешниот шампион, кој потоа загуби од Шон Стрикленд, Дрикус ду Плесис, Насурдин Имавов и сега Џо Пајфер, нема намера да се пензионира.

„Само ќе продолжам“, нагласи Израел Адесања.

По пет години, се одржа реванш во женската мува категорија. Поранешната шампионка на УФЦ, Алекса Грасо, повторно ја победи Мејси Барбер.

Мексиканката овој пат беше поубедлива и ја победи Американката со технички нокаут во средината на првата рунда.

Алекса (17-5-1 MMA) ја прекина серијата од два порази (Валентина Шевченко и Наталија Силва), додека Мејси (15-3 MMA) беше непоразена од нивната прва средба. Американката имаше седум победи по ред.

Резултати од УФЦ Фајт најт 271:

Џо Пајфер – Израел Адесања – со технички нокаут (удари), Р2 (4:18)
Алекса Грасо – Мејси Барбер – со нокаут (удари), Р1 (2:42)
Мајкл Киеза – Нико Прајс – со потчинување (давење одзади), Р1 (1:03)
Лериан Даглас – Џулијан Ерос – КО (удари), Р1 (3:33)
Јусри Белгаруи – Мансур Абдул-Малик – ТКО (удари и колено), Р3 (3:39)
Теренс Мекини – Кајл Нелсон – ТКО (удар во глава и удари), Р1 (0:24)

Прелиминарни борби:
Тофик Мусаев – Игнацио Бахамондес – едногласна одлука (29–28, 29–27, 30–27)
Ленс Гибсон Јуниор – Чејс Хупер – ТКО (колена), Р1 (2:56)
Тајрел Форчун – Марчин Тибура – ​​едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Кејси О’Нил – Габриела Фернандес – КО (удари), Р1 (3:11)
Навахо Стирлинг – Бруно Лопес – ТКО (удари), Р2 (4:05)
Рики Симон – Адријан Јањез – мнозинска одлука (29–28, 28–28, 28–28)
Алексија Тајнара – Бруна Бразил – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27).

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON