АктуелноМеѓународна сценаММА

Биографски филм за Жорж Сент Пјер е во развој

Легендата на УФЦ ќе ја раскаже својата приказна на големото платно

Приказната за еден од најголемите борци во ММА, Жорж Сент Пјер, ќе биде прераскажана во биографски филм, објавува „Варајати“.

44-годишниот Канаѓанец, кој се смета за еден од најдобрите борци во историјата на мешаните боречки вештини и број 1 во категоријата велтер, активно ќе учествува во создавањето на проектот.

„Размислувавме да ја раскажеме мојата приказна веќе некое време, и кога го најдовме овој тим, знаевме дека сакаме да биде раскажана на нов, креативен начин“, рече Жорж Сент Пјер.

Филмот ќе го режира Канаѓанецот Томас Сото, кој има искуство со голем број филмски и телевизиски продукции.

„Сакам да ја раскажам приказната за Жорж – човекот зад брендот Г(Ж)СП – на начин кој е личен, искрен и длабоко човечки. Раскажувањето на оваа приказна на светот е и привилегија и одговорност“, рече Сото.

Проектот веќе има формиран продукциски тим, а изборот на актери ќе започне подоцна.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON