Тајсон Фјури: Арсланбек Махмудов е во голема неволја
„Се што можам да кажам е дека Махмудов е во сериозна неволја“.

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, зборуваше за претстојната борба со Арсланбек Махмудов. Борбата ќе се одржи на 11 април на стадионот Тотенхем Хотспaр.
„Ромскиот крал“ влегува во борбата со серија од два порази, но тоа не го загрижува. Тајсон е уверен дека ќе ја извојува победата и тврди дека Махмудов е во голема неволја.
„Се што можам да кажам е дека Махмудов е во сериозна неволја. Тој е во неволја. Тој е жилав човек, има неколку порази, како мене. Има многу нокаути – околу 20. Ние сме на иста возраст, слична големина, слична тежина, слични скорови. Јас бев светски шампион, тој беше втор на ранг-листата кога јас бев шампион на ВБЦ. Тогаш му беше понудено да ми биде противник. Па сега конечно ќе се сретнеме. Тоа е тоа. Ајде да се бориме. Нека победи подобриот“, рече Фјури, пренесе Скај спорт.
View this post on Instagram



