АктуелноБорењеОстанато

Иран погуби млад репрезентативец во борење

Посебна загриженост постоеше за судбината на Мохамади, тинејџерски шампион во борење кој учествуваше на меѓународни натпревари

Иран денес погуби тројца мажи кои беа обвинети за убиство на полицајци за време на протестите во јануари. Активистите предупредуваат на ризикот од нов бран бесења додека војната со Израел и САД продолжува.

Егзекуциите се првите во Иран што се спроведуваат во врска со националните протести кои беа пречекани со брутална репресија од страна на властите. Два извори потврдија за Си Би Ес њуз дека Салех Мохамади, член на младата иранската репрезентација во борење, бил меѓу тројцата погубени мажи.

Групите за човекови права велат дека тројцата мажи биле погубени без фер судење и дека нивните изјави биле дадени под тортура.

Амнести интернешнл: Постапката нема никаква сличност со вистинско судење

Мохамади, Мехди Гасеми и Саед Давуди беа обесени во градот Ком, јужно од Техеран, откако беа осудени за водење војна против Бога, позната како мохаребе според иранскиот шеријатски закон, објави иранската новинска агенција Мизан.

Тие беа прогласени за виновни за учество во убиството на двајца полицајци и спроведување оперативни акции во корист на Израел и Соединетите Американски Држави.

Посебна загриженост постоеше за судбината на Мохамади, тинејџерски шампион во борење кој учествуваше на меѓународни натпревари. Според Амнести интернешнл, на Мохамади му беше одбиена соодветна одбрана и беше принуден да признае во брза постапка која немаше никаква сличност со вистинско судење.

Норвешката невладина организација „Иран хјуман рајтс“ по егзекуциите изјави дека тројцата биле осудени на смрт по нефер судење, врз основа на признанија добиени под тортура. Мохамади наполни 19 години минатата недела.

Иранските власти вчера го егзекутираа Курош Кејвани, иранско-шведски државјанин, за шпионажа за Израел. Егзекуцијата беше остро осудена од Шведска и ЕУ.

Фото: Х

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON