БорењеДомашна сцена

БК Вардар: Со години се лажеме самите себе, а ја лажеме и јавноста

Додека не се воспостават ред, одговорност и еднакви услови за сите клубови и борачи, резултатите ќе останат само минато, а македонското борење ќе продолжи да стагнира. Македонското борење има талент. Му недостига само правда, систем и вистинска работа, сметаат од Вардар.

Борачкиот клуб Вардар во соопштение излегува со свое видување за состојбата во која се наоѓа македонското борење

„Македонското борење не пропаѓа поради недостаток на талент, туку поради лош систем, неправда и погрешно водење.

Додека не се воспостават ред, одговорност и еднакви услови за сите клубови и борачи, резултатите ќе останат само минато, а македонското борење ќе продолжи да стагнира. Македонското борење има талент. Му недостига само правда, систем и вистинска работа“, сметаат од Вардар.

Според Вардар, за повредените Ахмад Магомедов, Реџеп Хајдари и Бесир Алили виновни е се некомпетентните тренери/ селектори.

Од клубот прашуваат каде се успесите на македонското борење? Каде се европските, светските и олимписките медали?

„За жал, реалноста денес е сосема поинаква. Се фалиме со медали од мали турнири, регионални купови и натпревари без вистинска конкуренција. Фотографии, празни пофалби и саморекламирање – а вистинските резултати ги нема. Со години се лажеме самите себе, а ја лажеме и јавноста. Со празни приказни и нереални ветувања ги мамиме младите борачи.

Наместо систем, работа и перспектива – им нудиме илузии. На крајот, многу од тие талентирани деца се губат, разочарани и оставени сами на себе. Ова не е случајност. Ова е директен резултат на состојбата во Македонската боречка федерација. Нема иднина без сериозна работа. Нема успех без правда, систем и објективност. Кога нема чесност и правичност, остануваат само лични интереси, неправда и стагнација. Македонското борење заслужува повеќе. Нашите млади борачи заслужуваат повеќе“, заклучуваат од Вардар.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON