АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Џиу џицу репрезентацијата отпатува Европското првенство во Хераклион на Крит
Македонија ќе настапи со четворица натпреварувачи.

Џиу џицу репрезентацијата на Македонија ќе учествува Европското првенство во Хераклион на Крит, Грција, а почнува утре и ќе трае до 21 март.
Во составот на нашата репрезентација се:
Катерина Ацевска – сениор +70 кг
Христијан Јованов – сениор +94 кг
Зоран Колевски – јуниор -69 кг
Данил Николиски – јуниор -56 кг
Александар Ацевски – селектор

Данил и Зоран се борат во сабота, додека Катерина и Христијан во понеделник.
На ова Европско првенство ќе учествуваат околу 2.100 натпреварувачи од 36 држави.



