Мозес Итаума: Се чувствувам како еден од најдобрите во тешка категорија
„Чувствувам дека сум. Само треба да го докажам тоа“, изјави Итаума за „Скај спортс њуз“.

Мозес Итаума се подготвува за она што може да биде клучна година за неговата кариера. Младиот борец се стреми да се етаблира како еден од најдобрите тешкаши во светот.
„Чувствувам дека сум. Само треба да го докажам тоа“, изјави Итаума за „Скај спортс њуз“.
Неговата прва борба во 2026 година е на 28 март против Џермејн Френклин, солиден Американец кој загуби само од Ентони Џошуа и Дилиен Вајт, со кои се бореше до крај. Френклин никогаш не бил запрен, но Итаума би можел да импресионира против него.
„Кога твојата работа е препознаена, очигледно се чувствуваш добро“, рече Итаума. „Џермејн Френклин ќе биде добра борба, со нетрпение ја очекувам. Френклин има своја работа, јас имам своја, а луѓето надвор од рингот си имаат работа – да зборуваат. Нема минато или иднина, постои само сегашност, а во сегашниот момент го имам Џермејн Френклин“.
Тренерот на Итаума, Бен Дејвисон, верува дека возбудата околу младиот борец е целосно оправдана.
„Мислам дека тој има потенцијал да биде нешто што не сме го виделе досега – вистинскиот најдобар борец во светот во тешка категорија“, изјави Дејвисон за „Скај спортс њуз“. „Не мислам дека сме имале нешто слично порано. Има работа што треба да се направи, очигледно сè уште не сме стигнале до целта. Има потенцијал да го направи тоа. Ова се дефинитивно возбудливи времиња, како што сите знаат. Се надевам дека ќе остане фокусиран, ќе остане фокусиран и ќе го оствари својот потенцијал“.
Дејвисон има многу успешен период. Друг негов борец, Фабио Вордли, е актуелен шампион во тешка категорија на ВБО. На неодамнешните награди на Британскиот боксерски совет, Вордли беше боксер на годината, Итаума ја освои наградата за млад боксер на годината на Здружението на боксерски новинари, а самиот Дејвисон беше прогласен за тренер на годината на „Боксинг њуз“.
„Боксот е индивидуален спорт, но имаме ислучително тимска средина, а културата што ја изградивме во салата е веројатно она на што сум најгорд“, заклучи Дејвисон.



