АктуелноБорењеЕвропски првенства
Бесир Алили нема се бори за бронзениот медал поради повреда

За жал, Бесир Алили денес нема да се бори за бронзениот медал на Европското првенство за У-23 во Зрењанин, Србија.
„Вчера во полуфиналето против борачот од Азербејџан, Јејхун Алахвердиев, доживеа тешка повреда. По прегледот од медицинскиот персонал, со одлука на лекарот беше принуден да го прекине мечот и да го напушти душекот“, информираат од матичниот клуб Лирија и притоа му посакуваат побрзо закрепнување и посилно враќање во идните борби.
Така, денес останува само настапот на Марија Спирковска.
Европско првенство У-23:
-61 кг
Бесир Алили – Резо Марасагишвили (Грузија) 10-0
Бесир Алили – Јејхун Алахвердиев (Азербејџан) 5-12
За бронза
Бесир Алили – Андриј Шокалиук (Украина)
-50 кг Марија Спирковска – Ана Марија Ротару (Романија)



