БоксПрофесионален

ИБФ повторно ја одложи задолжителната одбрана на Бивол против Ајферт

На шампионот во верзиите на ИБФ, ВБА и ВБО му е дадено дополнително време да договори борба со задолжителниот предизвикувач.

Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) повторно ја одложи задолжителната одбрана на титулата во полутешка категорија, која првично беше закажана за 3 март. Одлуката им дава дополнително време на шампионот на ИБФ, ВБА и ВБО, Дмитри Бивол, и на задолжителниот предизвикувач Михаел Ајферт, да постигнат договор за борбата.

35-годишниот руски боксер Бивол се подготвува да се врати на рингот по долго отсуство и операција на грбот на која беше подложен во август минатата година. Доколку одбиеше да ја брани задолжителната титула против 28-годишниот Германец, ќе му беше одземен појасот на ИБФ.

Ајферт стана задолжителен предизвукувач за титулата на ИБФ во 2023 година. Во 2024 година Германецот се согласи на шестцифрена компензација за да им овозможи на Бивол и Артур Бетербиев да се соочат во борба за неприкосновената титула во полутешка категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON