АктуелноМеѓународна сценаММА

Александар Волкановски го обнови договорот со УФЦ по одбраната на титулата

37-годишниот шампион во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, потпиша нов договор

37-годишниот австралиски шампион со макеонско потекло во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, потпиша нов договор со организацијата.

Во интервју за каналот Мајти на Деметриус Џонсон, Волкановски коментираше дека е задоволен од продолжувањето на соработката со УФЦ, каде што се натпреварува од 2016 година. Под покровителство на организацијата, тој има забележано 15 победи и три порази, претрпени од Ислам Махачев и Илија Топурија.

На 1 февруари, за време на УФЦ 325 во Сиднеј, Волкановски со едногласна одлука го доби реваншот против Бразилецот Диего Лопез, со што уште еднаш успешно ја одбрани титулата.

Ова обновување на неговиот договор му гарантира на шампионот дека ќе продолжи да биде водечко име во перо категоријата и ќе учествува во идните големи судири во УФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON