
Ален Рустемовски (-60 кг) загуби од домашниот боксер Радослав Росенов со едногласна одлука на силниот Меѓународен турнир „Странџа куп“ во Софија, Бугарија.
Сепак, Росенов беше фаворит во овој меч и е главен претендент за златен медал, но боксираше на домашен терен. Од она што го видовме, домашниот терен го победи Рустемовски, бидејќи Росенов не покажа супреиорност, а во третата рунда прикажа кукавички бокс. На друго место немаше да биде победник.
Завчера нашиот репрезентативец со едногласна одлука на судиите од 5-0 го совлада Романецот Василие Скалко.
Во категоријата на Ален се пријавени 29 боксери.
На турнирот настапуваат 129 боксерки и 209 боксери, вкупно 338 учесници.



