АктуелноБоксПрофесионален

Легендата се враќа: Флојд Мејведер повторно ќе се бори како професионалец

„Сè уште имам можност да поставувам нови боксерски рекорди“, рече Американецот, кој има 48 години и се пензионираше во 2017 година, во време кога остана непоразен во 50 борби.

Боксерската легенда Флојд Мејведер објави во соопштение дека сака да се врати на професионалниот ринг, објави АФП.

„Сè уште имам можност да поставувам нови боксерски рекорди“, рече Американецот, кој има 48 години и се пензионираше во 2017 година, во време кога остана непоразен во 50 борби.

Мејведер, кој ќе наполни 49 години во вторник, во септември минатата година објави дека напролет 2026 година ќе учествува во егзибициски меч против друга легенда – Мајк Тајсон. Датумот и местото на мечот сè уште не се прецизирани од организаторите.

Мајк Тајсон, кој ќе го прослави 60-тиот роденден во јуни, влезе во рингот во ноември 2024 година во поразот од Јутјуберот Џејк Пол.

Мејведер не се борел од победата во август 2017 година над Ирецот Конор Мек Грегор, поранешна ѕвезда на ММА. Оттогаш имаше егзибициски борби во Мајами, Мексико и Јапонија.

Американецот е познат по својата брзина, техника и способност за избегнување удари. Враќањето потсетува на неговиот поранешен ривал од Филипините, Мани Пакијао, кој се врати на рингот минатото лето на 46-годишна возраст. Мејведер го победи Пакијао во нивната единствена борба во мај 2015 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON