АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Осенсеи домаќин на џиу џицу семинар со селекторот Александар Ацевски

Утре Џиу џицу клубот Осенсеи од Штип е домаќин на семинарот предводен од Александар Ацевски, селектор на македонската џиу џицу репрезентација, еден од основачите и прв претседател на Македонска џиу џицу федерација.

На семинарот ќе учествува и репрезентативката Катерина Ацевска која лани освои бронзен медал на Светското првенство во Тајланад, а минатиот викенд се радуваше на златниот медал на Гранд при Џенова опен во Италија
На семинарот ќе учествуваат повеќе членови од македонските клубови.



