Тајсон Фјури – Арсланбек Махмудов на стадионот на Тотенхем
Арсланбек Махмудов ќе се соочи со поранешниот светски шампион Тајсон Фјури на 11 април во Лондон.

Арсланбек Махмудов ќе се соочи со поранешниот светски шампион Тајсон Фјури на 11 април во Лондон. Според „Сан“, борбата ќе се одржи на стадионот на Тотенхем, кој има капацитет од 60.000 гледачи.
37-годишниот Фјури официјално го објави своето враќање на рингот кон крајот на јануари, потврдувајќи дека негов противник ќе биде 36-годишниот Махмудов. Сепак, во тоа време арената за судирот не беше прецизирана.
Стадионот „Тотенхем Хотспар“ не е непознат за „Ромскиот крал“. Пред четири години таму боксираше против Дерек Чисора. Објектот беше домаќин и на големата борба меѓу Ентони Џошуа и Александар Усик во 2021 година, а минатата година беше домаќин на два спектакуларни судири меѓу Крис Јубенк Јуниор и Конор Бен.
Според Ток спорт, тимот на Фјури ја разгледал и опцијата за одржување на борбата во Манчестер – на „Олд трафорд“, кој има капацитет од 74.000 гледачи, но на крајот изборот падна на лондонската арена.
Се очекува во понеделник во Лондон да се одржи официјална прес-конференција, на која ќе бидат објавени сите детали за настанот – вклучувајќи телевизиско покривање и натпревари за загревање.



