АктуелноМеѓународна сценаММА

Мирко Кро Кап: Губењето тежина е најголемата измама во ММА

Кро Кап тврди дека многу ММА борци губат огромни количини течности во деновите пред борбата за да се симнат во пониска категорија. Откако ќе се мерат, тие повторно пијат и јадат сè. Резултатот? Борец кој на хартија се бори во лесна категорија, но всушност влегува во кафезот многу потежок. Според него, ова создава вештачка предност што нема никаква врска со техниката или талентот.

Според боречката легенда Мирко Филиповиќ – Кро Кап, она што борците го прават на мерњето е системска грешка. Во неодамнешно видео легендата објаснува зошто екстремното намалување на тежината пред борбата го нарушува спортот.

Кро Кап тврди дека многу ММА борци губат огромни количини течности во деновите пред борбата за да се симнат во пониска категорија. Откако ќе се мерат, тие повторно пијат и јадат сè. Резултатот? Борец кој на хартија се бори во лесна категорија, но всушност влегува во кафезот многу потежок. Според него, ова создава вештачка предност што нема никаква врска со техниката или талентот.

„Не се борите со некого во вашата категорија. Се борите со некого кој всушност е во категорија над вас“.

Кро Кап го користи Конор Мек Грегор како пример за да покаже колку екстремно станало ова – не за да го нападне, туку за да покаже колку нормално станало во ММА. Борците буквално се дехидрираат само за да влезат во теѓинска категорија. Потоа се враќаат потешки од своите противници. Според Кро Кап, ова не е спортска стратегија, туку структурен проблем за кој организациите прават премалку.

Кро Кап го споредува тоа со своето време кога борците се бореа со својата природна тежина. Без екстремни диети, без денови без течности, без медицински ризици за губење на неколку килограми. Сега гледа борци кои едвај можат да стојат со денови пред борбата, само за да се во потребната тежинска категорија која веќе не е релевантна следниот ден.

Покрај неправедната предност, тој ги истакнува опасностите – екстремната дехидратација ги оштетува органите, го зголемува ризикот од оштетување на мозокот и ги прави борците поранливи во кафезот. Суштината на неговата критика е едноставна: тежинските категории треба да создадат фер игра, но во ММА тие го прават спротивното. Публиката мисли дека гледа двајца еднакви борци, но во реалноста често станува збор за многу потежок спортист против полесен. И тоа, вели Кро Кап, е причината зошто намалувањето на тежината е најголемата измама во спортот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON