БорењеДомашна сцена

Претседателот на Вардар, Љубиша Пешко: Нашиот приоритет се здрави спортисти, правилен развој и иднина што нема да ја уништиме денес!

Пред изборот на најдобрите спортисти за 2025 година тренерот на Боречкиот клуб Вардар, Љубиша Пешко, со совои видувања за состојбата во спортот, пред се борењето.

Тој вели дека со месеци предупредуале. Со години работеле. Со срце, со знаење, со пожртвуваност.

„Но кога институциите молчат – последиците ги плаќаат децата, спортистите и иднината на македонското борење“, вели Пешко.

Претседателот на Вардар, тренер кој целиот свој живот го посвети на борењето, вели дека стои зад своите борачи до крај. Пешко нагласува дека ниту еден клуб, ниту еден тренер, не може сам против системска неактивност и игнорирање.

„Денес имаме 3–4 повредени првотимци, надвор од натпреварувачки ритам. Седум потенцијални репрезентативци игнорирани од БФСМ. Момчиња кои требаше да ја носат Македонија на меѓународна сцена – денес се на рехабилитација, на свој трошок, а потребно е некој друг од надлежните да се погрижи за нив“, истакнува Пешко и додава:

„Не поради недостаток на работа, туку поради недостаток на план, континуитет и поддршка (стипендии и државни средства се доделуваат само доколку си близок до раководството , а не по заслуги и резултати).

Ова не е пораз на еден клуб. Ова е уништување на една цела генерација борачи. Ова е тивка, но страшна штета за македонското борење! Апелираме – не за привилегии, туку за одговорност. Не за оправдувања, туку за дела. Нашиот приоритет не се медалите по секоја цена. Нашиот приоритет се здрави спортисти, правилен развој и иднина што нема да ја уништиме денес“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON