АктуелноБоксПрофесионален

ВБЦ му дозволи на Усик доброволно да ја брани титулата против Дионтеј Вајлдер

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурицио Сулејман, потврди дека обединетиот шампион во тешка категорија, Александар Усик, добил дозвола доброволно да се бори за својот појас на ВБЦ. Потенцијален противник е поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, кој моментално е рангиран на 13-то место.

„Дефинитивно сакаме да го видиме Усик назад во рингот. Побара дозвола да се бори доброволно и ја доби“, изјави Сулејман за „Скај спорт“. „Дионтеј Вајлдер беше шампион на ВБЦ пет години, има огромна нокаут моќ и е рангиран од организацијата, што му дава целосно право да се соочи со Усик“.

Минатата година, Усик изрази интерес за борба со 40-годишниот Американец, но сè уште недостасуваат конкретни детали за борбата. Неодамна, новоформираната компанија Ивзит бокс/ iVisit Boxing објави планови за големи боксерски настани во САД со учество на Украинецот.

Во исто време, менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел, му рече на новинарот Ден Рафаел дека не е запознаен со активностите на Ивизит бокс и дека не водел разговори за можен меч меѓу нив двајцата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON