АктуелноМеѓународна сценаММА

Израел Адесања – Џо Пајфер ќе го предводи УФЦ Сиетл на 28 март

Израел Адесања ќе се соочи со Џо Пајфер во главнaтa борба на УФЦ Фајт најт на 28 март во Сиетл. Борбата во средна категорија ја објави извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт.

Поранешниот шампион Адесања (24-5), Новозеландец со нигериско потекло, ја бара првата победа откако му се реваншира на Алекс Переира во април 2023 година. Во последната борба минатиот февруари, 36-годишниот борец беше запрен од Насурдин Имамов во втората рунда од главната борба на УФЦ Саудиска Арабија. Адесања претходно беше поразен од Дрикус ду Плесис во четвртата рунда и загуби со едногласна одлука од Шон Стрикленд.

Пајфер (15-3) ја бара четвртата победа по ред откако минатиот октомври го победи во втората рунда Абусупијан Магомедов. 29-годишниот роден во Њу Џерси претходно победи со едногласна одлука над Келвин Гастелум и го нокаутира Марк-Андре Барио во првата рунда.

Вајт, исто така, потврди претходно најавена борба во мува категорија меѓу Алекса Грасо и Мејси Барбер. Поранешната мексиканска шампионка Грасо (16-5-1) доаѓа по два порази со едногласна одлука од Наталија Силва и Валентина Шевченко. 32-годишната Мексиканка требаше да се соочи со поранешната двократна шампионка во сламка категорија, Роуз Намахунас, на УФЦ 324 овој месец, но се откажа поради повреда.

Барбер (15-2), од Колорадо, е во серија од седум победи. Во претходната борба минатиот месец, 27-годишната ја победи со едногласна одлука Карин Силва.

Актуелна карта на УФЦ Сиетл:

Израел Адесања – Џо Пајфер
Алекса Грасо – Мејси Барбер
Волтер Вокер – Марчин Тибура
Кејси О’Нил – Габриела Фернандез
Никол Каљари – Каролин Форо
Мансур Абдул-Малик – Јусри Белгаруи
Џу Канџие – Марсио Барбоза

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON