АктуелноКаратеПремиер лига

Вероника Костовска извојува три убедливи победи на Карате 1 Серија во Тбилиси, Македонија се враќа со едно злато

Македонските каратисти го завршуваат настапот на Карате 1 Серија А во Тбилиси, Грузија, со еден медал, златото на Матеј Белистојаноски (-67 кг). Денес најдобар впечаток остави Вероника Костовска која извојува три високи победи, а четвртата ја загуби на поени 2-4.

Вероника првите три противнички ги декласира, а со Катрлота Осарио Фернандез од Шпанија имаше тесна борба која забрши 2-4 во корист на Шапанката.

Јована Мицовска и Данило Божовиќ забележаа по една победа. За жал, никој не доби шанса за репасаж и подобрување на пласманот.

Во Тбилиси учествуваа 1252 каратисти со 1190 натпреварувачки влезови од 77 држави.

Резултати – Карате 1 Серија А:

61 кг
Викоторија Јовановска – Гулај Орујова (Азербјџан) 3-9

Јована Мицовска – Карла Бохнхоф (Данска) 5-0
Јована Мицовска – Ана Проценко (Украина) 2-6

Вероника Костовска – Лаура Лисац (Хрватска) 9-1
Вероника Костовска – Рената Арабли (Азербејџан) 8-2
Вероника Костовска – Јеонгеун Ан (Јужна Кореја) 8-0
Вероника Костовска – Катрлота Осарио Фернандез (Шпанија) 2-4

-75 кг
Петар Заборски – Ахмед Али (Германија) 6-10

-84 кг
Данило Божовиќ – Никита Бузицков (ВКФ) 2-0
Данило Божовиќ – Сурен Косакјан (Ерменија) 4-5

Реџеп Рушити – Гор Нерсисјан (Ерменија) 1-3

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON