Каратистите први на меѓународен мегдан, настапуваат на Карате 1 Серија А лигата во Тбилиси, Грузија

Каратистите први ја отвораат новата меѓународна сезона, утре ги почнуваат борбите на Карате 1 Серија А во Тбилиси, Грузија. Македонија настапува со 14 каратисти, а според жребувањето утре треба да настапат тројца каратисти.
Во Тбилиси учествуваат 1252 каратисти со 1190 натпреварувачки влезови од 77 држави.
За многу натпреварувачи ова е генрална проба за Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, од 6 до 8 февруари.
Карате 1 Серија А:
-55 кг
Михаела Мишовска
Рудина Алиу
61 кг
Викоторија Јовановска
Јована Мицовска
Вероника Костовска
Магдалена Божиновска
+ 68 кг
Ердона Зибери – Шарлоте Руелман (Германија)
Греса Мустафаи – Лидија Вулат (Англија)
-60 кг
Фаик Весели
-67 кг
Вукашин Јовановиќ
Матеј Белистојаноски
-75 кг
Петар Заборски
-84 кг
Данило Божовиќ
Реџеп Рушити
+ 84 кг
Стефан Стојановиќ – Емануеле Магнели (Сан Марино)/ Омар Абделкеј (Египет)



