АктуелноМеѓународна сценаММА

Хабиб се мајтапи со Пеп Гвардиола и играч на Манчестер Сити

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, присуствуваше на мечот од 20.коло на Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Челзи (1-1), шегувајќи се за замената на дефанзивецот на „граѓаните“ и репрезентацијата на Узбекистан, Абдукодир Хусанов.

„Бев толку љубопитен на кој јазик комуницираат. Пеп не зборува узбекистански, а Хусанов не зборува англиски“, напиша Нурмагомедов на Телеграм каналот.

Хусанов досега учествуваше во шест натпревари за Манчестер Сити во тековната сезона од Премиер лигата.

Претходно, Нурмагомедов ги сподели своите впечатоци од средбата со Манчестер Сити, кој е најуспешниот тим во Премиер лигата во последните 10 години.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON