АктуелноБоксДомашна сцена

Боксерите на Јове Петровски-Оцо – освоија три европски и три балкански медали за Македонија!

Министерството за спорт го одложи изборот за „Спортист на годината 2025“ со образложение дека стигнале нови пријави, па го презакажа прогласувањето на најдобрите спортисти, тренери и федерации за јануари.

Бидејќи во првобитната номинација за тренер/селектор на годината не беше номиниран првиот човек Боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола, Јове Петровски – Оцо, Ипон.мк јавно го номинира во оваа категорија.

Неговите боксери освоија три европски медали Ален Рустемовски – сребрен, а Адријан Рустемовски – борнзен на Европското првенство за млади сениори во Ереван, Ерменија, додека на Европско јуниорско првенство на ЕУБЦ во Нови Пазар-Србија, Арабел Рустемовски се закити со бронзен.

Но тоа не e сѐ!

Факти и успеси за боксерите на Пелистерски јунак:

Европско првенство во Ереван, Ерменија, за млади сениори У-23 на ЕУБЦ

Ален Рустемовски – сребрен
Адријан Рустемовски – бронзен

Европско јуниорско првенство на ЕУБЦ во Нови Пазар-Србија

Арабел Рустемовски – бронзен

Балканско првенство Јахорина, Пале, БиХ

Ален Русетмовски – златен
Адријан Рустемовски – сребрен
Арабел Рустемовски – сребрен

Меѓународен турнир „Златен гонг“ – Скопје

Ален Рустемовски го освои „Златниот гонг“
Адријан Рустемовски – најдобар македонски боксер

Ален Рустемовски – учествуваше и на Светското сениорско првенство на ИБА во Дубаи, ОАЕ, забележа една победа;

 Меѓународен турнир во Молдавија

Ален Рустемовски – златен (3 борби)
Адријан Рустемовски – златен
Илчо Костовски – сребрен

Меѓународен турнир Белградски победник

Адријан Рустемовски – сребрен
Илчо Костовски – сребрен

Меѓународен турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

Ален Рустемовски – златен, најдобар техничар
Ружди Рустемовски – златен, најдобар боксер на турнирот
Арабел Рустемовски – златен

Меѓународен турнир „Битолски победник“

Ружди Рустемовски – златен, најдобар боксер на турнирот

Државни прваци

Арабел Рустемовски, Илија Ѓоргиев, Бојан Мачковски, Синиша Талевски, Адријан Рустемовски, Ружди Рустемовски, Ален Рустемовски.

Сребро: Христијан Арсовски, Лиридон Ештреси
Бронза: Алишан Рустемовски

Најуспешен клуб на Државното првенство е Пелистерски јунак;

На Опен Балкан купот учествуваа повеќе боксери на Пелистерски јунак и во повеќе борби беа победници.

Илчо Костовски – шампион на Словачка Златен медал на Државното првенство во тешка категорија и освојувач на повеќе турнири во оваа држава каде што работи.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON