АктуелноКик боксТурнири

Сениорите доминантни на Балканс бест фајтерс со 7 злата, освоени многу медали во сите категории

Сениорите покажаа зрелост и освоија повеќе медали на 10.Меѓународен кикбокс куп „Балканс бест фајтерс“, и тоа златни.

Стефан Мојсоски (Прокик фемили) и Димче Темов (Гладијатор Неготино) освоија златен и сребрен медал во категоријата до 69 килограми во кик лајт, а Андреј Здравкосвки (Будо Кавадарци) и Александар Ивановски (Комбат) -74 кг се закитија со бронзи. Бронза освои и Филип Печков (Будо од Велес) во 84 кг.

Леа Бошевска и Мила Крстиновска од Самурај си ги поделија златниот и сребрениот медал во 55 кг, а Дамјана Пеовска од истиот клуб се закити со сребро до 70 кг.

Во лоу кик Дамјан Гигов (Шампион) и Александар Трајкоски до 67 кг освоија бронзи, како и Александар Веселинов (Лидер) и Ристо Венов (Аждер) до 71 кг.

Максим Митровски (-75 кг) славеше против Павле Стојшин од Србија, а Ахмед Халдун (-81 кг) над Никола Радосављевиќ од Црна Гора, и двајцата од Шампион, славеа за златни медали. Дејан Панов од Аждер освои бронза.

Нелсон Узеир (-86 кг) од Шампион за златниот медал го победи Манојло Ѓуриќ од БиХ.

Над 91 кг Наум Додевски се задоволи со сребрен медал. Додека Кристина Спиркоска (-56 кг) од Шампион освои бронза.

Андреј Ваневски од Патриот во К-1 славеше во финалето до 71 кг над Никола Поповиќ од Србија, а Лука Кипровски од Шампион (-91 кг) го совлада Дамјан Станишиќ од Босна и Херцеговина.

Македонските претставници, 111 кикбоксери со 123 натпреварувачи влезови од 19 клуба, во другите возрасни категории освоија медали.

Сите резултати ТУКА.

На Балканс бест фајтерс настапија 248 кикбоксери со 265 натпреварувачки влезови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON