АктуелноБорењеДомашна сцена

Јован Илиев е освојувач на трофејот „Легендите на Спартак“

Освојувач на трофејот „Легендите на Спартак“ е Јован Илиев од Спартак, додека, Славица Митева е најдобар домашен борач, Марко Јорданов од Балканец е прогласен за најдобар техничар,а најдобар странски борач е Јона Ракоци од Качаник, Косово.

На 25-то издание на Меморијалниот меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак 2025“ денес во Кочани на душекот се појавија околу шеесетина борачи од боречките клубови во Македонија, Благоевград (Бугарија) и од Качаник (Косово).

Турнирот кој беше посветен на трагично загинатите во дискотеката „Пулс“ се совпадна со еден убав јубилеј „60 години борење во Кочани“. По тој повод Зоран Сребренов благодарници им додели на Владко Грозданов – градоначалник на Општина Кочани, Александар Андов – претседател на Советот на Општина Коани, Дејан Богданов – претседател на Боречката федерација на Македонија, како и на ветераните на „Спартак“, Мане Јорданов и Влатко Соколов.

Борачите и присутните во салата ги поздрави Дејан Богданов – претседател на Боречката федерација на Македонија, а турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.

Легендите на спартак-пласман по категории

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON