
Борачкиот клуб Олимпија од Штип на престижниот Меѓународен турнир во „Куп Самоков“ во Бугарија освоија 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.
Медалите ги освоија:
Јована Нисева – златен до 28 кг
Софија Каштанова-златен до 32 кг
Вероника Зафирова – сребрен до 32 кг
Анастасија Трајчева – бронзен до 61 кг
Теа Проевска – бронзен до 46 кг.

На турнирот учествуваа над 150 борачи и борачки во грчко-римски и слободен стил од Турција, Украина, Македонија, Молдавија и Бугарија.
Тренерите Гордан Николов и Кире Нисев се задоволни од пласманот на девојчињата кои извојува по 3 победи, шампионките, а 2-ро 3-топласираните по 2 победи и 1 пораз. Јована, Софија, Вероника и Теа се натпреварува во У-12, а Анастасија Трајчева во У-17.
Додека на меѓународен турнир во Јамбол, Бугарија, Марија Нисева до 63 кг се закити со златен, а до 32 кг Јована Нисева со сребрен, во истата категорија Вероника Зафирова и Софија Кастанова освоија бронзи.
На турнирот имаше над 300 учесници од Турција, Романија, Молдавија, Украина, Грција, Македонија (Олимпија) и Бугарија.
„Големо внимание привлекоа борачките на Олимпија во категорија до 32 кг Јована Нисева, Софија Кoштанова, Вероника Зафирова, бидејќи сите се пласира за медали во големата конкуренција и се иднина та на клубот. Ако продолжат со ова Tea ќе се придружат на нивната идолка Андреа Нисева. Покажаа карактер и можност за голем дострел во овој спорт“, вели првиот човек на клубот, Методи Сичков.



