АктуелноБоксДомашна сцена
Се е подготвено за 4.Меморијален турнир „Јордан Мијалков“

Денес во Штип ќе се одржи 4.Меморијален турнир „Јордан Мијалков“, односно 4.коло на Опен Балкан купот и Олимписки надежи.
За турнирот се пријавени боксери од 64 клуба од 6 држави.
Борбите ќе почнат во 16 часот во слата „Јордан Мијалков“.
Од БК Пинк пантер тим, организатор на турнирот, истакнуваат дека се е подготвено, притоа очекуваат квалитетни борби и задржување на првото место во Олимписки надежи.



