АктуелноМеѓународна сценаММА
Арман Царукјан потврди дека Хамзат Чимаев ќе биде во неговиот агол за борбата со Ден Хукер

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Арман Царукјан, официјално потврди дека непоразениот шампион во средна категорија на УФЦ, Хамзат Чимаев, ќе биде дел од неговиот агол за претстојната борба против Новозеландецот Ден Хукер, кој е рангиран на шестото место на ранг-листата. Борбата меѓу нив ќе се одржи на 22 ноември на УФЦ Фајт најт 265 во Катар и ќе биде главна борба на вечерта.
„Хамзат ќе биде во мојот агол. Пристигнува утре. Која ќе биде неговата улога? Неговата функција е да ме мотивира и да ме турка во вистинскиот момент. Дали размислував да го поканам татко ми во мојот агол? Не, срцето ќе му застане (се смее)“, изјави Царукјан за Спорт24.



