АктуелноМеѓународна сценаММА

Пред 5 месеци беше на смртна постела, а денес веќе тренира во сала

„Кој е твојот изговор“? Тоа е она што Бен Аскрен сака да го знае.

Само пред пет месеци, Аскрен, поранешна ѕвезда на УФЦ кој има титули во ОНЕ Чемипоишип и Белатор, беше на работ на смртта откако претрпе тешка пневмонија. Таа го остави „неспобен да реагира“ за време на престојот во болница. Аскрен имаше потреба од трансплантација на белите дробови за да преживее и оттогаш е на долг пат кон закрепнување.

Сега, пет месеци подоцна, Аскрен е во можност да го прави она што најмногу го сака: да се бори. На својот профил на социјалните мрежи, легендарниот Американец сподели видео од себе како тренира на душекот, заедно со инспиративна порака.

„Пред 4 месеци бев на смртна постела. Пред 3 месеци не можев да стојам без помош од други. Пред 2 месеци сè уште користев помагала. Кој е твојот изговор? Врзи ги чевлите цврсто и ајде да се фатиме за работа“, напиша Аскрен.

Се чувствувате мрзеливо? Се чувствувате безволно? Чувствувате дека не можете да направите нешто тешко? Целата приказна на Аскрен е мотивација што ви е потребна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Askren (@benaskren)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON