АктуелноОстанатоТаеквондо

Два сребрени и еден бронзен медал на „Плевен опен“ за таеквондистите на МТТФ

Натпреварувачите во традиционално таеквондо на Меѓународни ИТФ турнир за деца до 14 години „Плевен опен 2025“ во Бугарија освоија 3 медали во борби – 2 сребрени и 1 бронзен.

Медалите ги освоија:

сребрени
Христијан Шибакоски (-40 кг, кадети 12-13 години, Хва ранг ИТФ)
Кристијан Гагалески (-30 кг, кадети 10-11 години, Сонкал)

бронзен
Теодор Ѓорески (-40 кг, кадети 10-11 години, Сонкал).

МТТФ, под водство на Марјанчо Лазаревски, настапи со пет натпреварувачи, еден од Хва ранг ИТФ, и четворица од Сонкал.

„Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат борци и уште од мали нозе даваат се од себе за да освојат медал од вакви квалитетни натпревари, покажувајќи храброст и пожртвуваност, достојно претставувајќи ги боите на Македонија. Исто така, ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата“, вели Лазаревски и додава:

„Христијан Шибакоски покажа извонредна храброст и пожртвуваност, кој до патот да финале имаше победи над тројца домашни натпреварувачи, додека во финале тесно загуби во втората рунда, така, за малку му избега првото место. Со овој медал Христијан е поблиску до исполнување на критериум за учество на Европско првенство, што се надеваме дека ќе успее во наредните меѓународни натпревари.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON