Меѓународна сценаММА

Али Абделазиз: Џек Дела Мадалена е најтешкиот противник во кариерата на Ислам Махачев

Познатиот менаџер Али Абделазиз ja коментираше претстојната борба за титулата во велтер категорија меѓу Џек Дела Мадалена и Ислам Махачев, која ќе се одржи на 16 ноември на турнирот УФЦ 322 во Њујорк.

Абделазиз, кој со години работи со шампионот од Дагестан, призна дека Австралијанецот е најсериозниот предизвик во кариерата на Махачев досега:

„Мадалена е најтешкиот противник со кој се соочил Ислам. Би лажел ако кажам поинаку. Џек е млад, амбициозен и постојано се развива. Тој е гладен за успех и ќе му постави на Ислам многу предизвици со кои шампионот ќе мора да се справи“.

Се очекува борбата во „Градот што никогаш не спие“ да биде еден од најинтересните настани во годината. Махачев ќе се обиде да освои втора титула во различна категорија по тежина, додека Дела Мадалена ќе бара најголема победа во кариерата и шанса да го шокира светот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON