АктуелноБоксПрофесионален

Нов пресврт: Фјури нема да се враќа

Британската боксерска ѕвезда Тајсон Фјури објасни зошто нема желба да се врати на боксот.

„Немам никаква вистинска причина да се вратам. Имам 37 години, ме тепаа како луд во последните 25 години. Зошто би сакал повторно да боксирам?

Порано се работеше за пари, титули, сите тие глупости. Но, сега имам повеќе пари отколку што можам да потрошам. Имам еден куп ебани појаси и титули. Дали сум посреќен од тоа? Не.

Дали потрагата по целта беше подобра од самата победа? Да. Искачувањето беше подобро од достигнувањето на врвот, да бидам искрен. Секогаш е така. Пред неколку месеци се искачив на Скафел Пајк (највисоката планина во Англија) и самото искачување беше подобро од тоа да бидам на врвот. Станав, стоев таму тие проклети 10 секунди – и време е да излезам и да продолжам понатаму“, рече поранешниот светски шампион Тајсон Фјури.

Тајсон Фјури претходно ја објави својата желба да се бори во трилогија со Aлександaр Усик, но подоцна рече дека нема повторно да се бори. Фјури двапати загуби од Усик со одлука на судиите.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON