АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Девет медали за македонската џиу џицу репрезентација на „Сараево опен“

На силниот Меѓународен џиу џицу турнир „Сараево опен 2025” македонската репрезентација освои 9 медали – 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени.

Медалите ги освоија:

Златни медали
– Катерина Ацевска
– Данил Николиски
– Марио Ангеловски

Сребрени медали
– Ана Ацевска
– Марија Треневска
– Матеј Нофитов

Бронзени медали
– Зоран Колевски
– Јован Николиски
– Исидора Котевска

На турниротна учествуваа 9 држави со 712 борци од 31 клуб.

Во генерален пласман Македонија го зазеде високото 10-то место.

„Останатите наши натпреварувачи Стефан Гериќ, Анамарија Чапараткова, Нина Карева ,Јован Шишков и Никола Коцев прикажаа добри борби, но не се стекнаа со медали. Сепак, ова за нив беше големо искуство за идните предизвици“, истакнуваат од Македонската џиу џицу федерација.

Следен голем предизвик за двајца наши репрезентативци, Катерина Ацевска и Данил Николиски, е Светското првенство што од 1 до 10 ноември во Тајланд.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON