„Време е Мераб да го нападне вториот појас. Кој не би го гледал тој меч? Имам чувство дека ќе се случи“!

Што му преостанува на Мераб Двалишвили во бантам категоријата? Фантастичниот Грузиец моментално е во серија од 14 победи, само две победи подалеку од рекордот на Андерсон Силва (16 последователни победи во кафезот на УФЦ). Двалишвили е шампион во бантам категорија и досега три пати го одбрани појасот.
Гледајќи ги рангирањата, Мераб двапати го победи првиот Шон О’Мели, го надмудри Петар Јан во нивната единствена борба досега, а Јан го дели второто место со Умар Нурмагомедов, борец кого Мераб го победи претходно оваа година. На четвртото место е Кори Сандхаген, борец кого Двалишвили го победи во последниот настап.
Мераб сè уште не го победил петторангираниот Сонг Јадонг, бидејќи тие дури и не се бореле. Јадонг сè уште не заработил „шанса за титула“ и е прашање дали има квалитет за тоа. Со други зборови, Мераб речиси ја помина дивизијата и можеби е време за нови предизвици? Пензионираниот борец на УФЦ, Мајкл Биспинг, се согласува дека е време Мераб да се бори за уште еден појас.
„Ако сите планираат да скокнат од една категорија во друга, ако Чимаев планира да се бори со Переира, а Переира планира да се бори со Џонс или Аспинал, зошто не би требало Мераб? Конор Мек Грегор нападна за уште еден појас без да ја одбрани титулата во својата категорија. Ислам Махачев одлучи да се искачи во категорија, Топурија веќе го направи тоа, па зошто не би требало Мераб откако ги победи речиси сите борци во првите 10?
Кажете ми дека не сакате да видите борба меѓу Мераб и Волкановски. Тоа би било неверојатно. Апсолутно би сакал да ја видам таа борба. Волкановски повеќе или помалку ги поминал и сите свои предизвикувачи. Да, тука се Мовсар Евлоев, Диего Лопез и Лерон Мерфи, но ако сакате голема борба, тоа е Волк против Мераб. Имам чувство дека ќе се случи следната година“, заклучи Биспинг преку својот Јутјуб канал.
Веруваме дека никој нема да има забелешки, нели?



