БоксОстанато

Илјадници луѓе на погребот на боксерот Рики Хатон

Поранешниот светски првак во тешка категорија, Тајсон Фјури, и пејачот на групата „Оејзис“, Лиам Галагер, беа меѓу илјадниците ожалостени кои присуствуваа на последното испраќање на боксерот Рики Хатон, една од најомилените спортски личности во Манчестер.

Поранешниот светски шампион во средна и полусредна категорија, со прекар „Хитмен“, беше пронајден мртов во својот дом на 14 септември на 46-годишна возраст.

Илјадници луѓе ги исполнија улиците во Манчестер, многумина мавтајќи со знамиња на Манчестер Сити и скандирајќи „Постои само еден Рики Хатон!“.

Телото на Хатон беше положено во небесно син ковчег со врежан натпис „Сина месечина (Blue moon), како знак, воедно, и за неговата љубов кон премиерлигашот Манчестер Сити, чијшто беше страстен поддржувач.

Хатон ги освои светските титули во полусредна категорија на верзиите ВБА, ИБО и ИБФ и беше шампион во верзијата ВБА во полусредна категорија за време на неговата 15-годишна професионална кариера пред да се пензионира во 2012 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON