Боксерската легенда го советува Усик: Пензионирај се додека си на врвот

Дмитри Бивол зборува за тоа како би се снашол во улична борба против Хабиб Нурмагомедов. Непоразениот Александар Усик минатата година за прв пат по 25 години откако Ленокс Луис го стори тоа ги обедини шампионските појаси во тешка категорија.
Брилијантниот Украинец го победи Тајсон Фјури кон средината на јуни и стана првиот апсолутен шампион во ерата на четири појаси. Усик го победи „Џипси Кинг“ во реванш на крајот од годината.
Олимпискиот медалист од 2012 година од Лондон ги обедини титулите во јули на Вембли кога со нокаут во петтата рунда го победи Даниел Дубоа.
Најдобриот светски тешкаш и еден од најголемите борции во неговата генерација се опоравува од повреда на грбот и посочи дека би сакал да има уште една борба пред да се пензионира.
Усик не ја крие желбата да боксира против Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, кои веќе ги победи двапати, како и против Даниел Дубоа.
А боксерската легенда Ленокс Луис се пензионира на врвот на својата кариера. Еден од најголемите тешкаши на сите времиња го објави своето пензионирање по неговата последна борба во јуни 2003 година, кога со прекин во шестата рунда го победи Витали Кличко.
„Секој знае кога треба да се пензионира и таа одлука единстевно зависи од него. Мора да го почувствуваат тој поттик и желба да се пензионираат. Усик сè уште може да биде пример за младите боксери, кои можат многу да научат од него за посветеноста, напорната работа и жртвата, бидејќи самиот помина низ тоа“, рече Ленокс Луис и додаде:
„Би му рекол да се пензионира сега, додека е на врвот. Исто како што направив и јас“.
Тој го пофали Усик и неговата низа успеси во полутешка категоријата, каде што ја победи конкуренцијата и ги обедини појасите, како што направи во последните години во тешка категорија.
Легендата на боксот верува дека Украинецот би бил голема закана ако се бореше пред дваесет години во негово време.
„Мислам дека тогаш ќе се снајдеше многу добро, бидејќи го направи она што го направи Ивандер Холифилд, успешно се искачи од полутешка категорија во тешка. Ги победи сите врвни борци во оваа ера. Значи, одлично ја заврши работата“, нагласи Ленокс Луис и додаде:
„Дефинитивно е најтешко да се обединат појасите, бидејќи сакате да бидете најдобри. Ве води желбата да ги освоите сите појаси и да бидете број еден. И секогаш има други борци кои сакаат да ве сопрат. Тие демнат и бараат можност. Секој од нив сака да биде првиот што ќе го победи Усик. Затоа, мојот совет до него: Пензионирај се додека си на врвот“.



