УФЦ дава 700.000 долари за замена на тревата пред Белата куќа

Настанот на УФЦ во Белата куќа ќе биде скап потфат. Порано оваа година Дана Вајт и претседателот Доналд Трамп објавија дека УФЦ ќе одржи настан во Белата куќа за да ја прослави 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави.
Настанот е закажан за јуни следната година, пред викендот на „4 Јули“, а со оглед на уникатната природа на настанот, планирањето веќе е започнато. За гала од ваков обем ќе има некои неочекувани трошоци поврзани со претворањето на тревникот на Белата куќа во арена за боречки спортови.
Тревата пред Белата куќа ќе треба да се замени по настанот. Тоа ќе ги чини организаторите 700.000 долари.
„Нема сомнение дека ова ќе биде најголемиот предизвик со кој некогаш сме се соочиле. Одам од настан на стадион, а не ги сакам стадионите. Да, поминавме низ Сферата, поминавме низ боксерскиот меч Канело Алварез-Теренс Крофорд на стадионот Алегијант. Сега одиме во Вашингтон, на тревникот на Белата куќа.
Тоа е само мал дел од она за што зборував. Ќе мора да ја замениме тревата затоа што ќе го уништиме Јужниот тревник. Ќе потрошиме 700.000 долари само за да ја замениме тревата“, изјави Вајт за Спорт бизнис журнал.
Такви се компликациите од организирање на настан на отворено, за разлика од настан во затворен простор, како што обично прави промоторот.
И УФЦ има одредено искуство во организирање на настани по нарачка, како што е УФЦ во Белата куќа. Минатата година промоторот го организираше Ноче УФЦ во Сферата во Лас Вегас, настан кој наводно чинел 20 милиони долари и му донел на промоторот две награди Спорт Еми.
View this post on Instagram



