Рајан Гарсија има список на потенцијални противници за неговата следна борба

Американскиот борец Рајан Гарсија состави список на потенцијални противници по поразот во мај од Роланд Ромеро на кој се вклучени четири имиња.
Toa се потенцијални борби против Теофимо Лопез, Шакур Стивенсон и реванш со Џервонта „Тенк“ Дејвис. Гарсија е заинтересиран да се бори со борци кои би му донеле добри пари.
Борецот на УФЦ, Шон О’Мели, е исто така на списокот во „кросовер“ борба, што само докажува дека Гарсија бара борби во кои може да обезбеди висок хонорар.
Реваншот со Дејвис му нуди на Гарсија шанса за искупување, а потенцијалната победа би можела да му ги отвори вратите на светската сцена и да ја оживее неговата кариера.
Борбата со Лопез е тест за светската титула. Теофимо е шампион во супер лесна категорија на ВБО, а победата против него би му ја донела титулата на Гарсија и би му го вратила кредибилитетот како врвен боксер.
Ривалството меѓу нив би било огромна мамка за фановите. Двајцата борци се многу активни на социјалните медиуми и често се навредуваат со погрдни зборови.
А потенцијалната пресметка со Шакур Стивенсон би била тест за кралот Рајан. Тоа би била битка на стилови – брзината и моќта на Гарсија против одбранбената брилијантност на Стивенсон.
Натпреварот сигурно би привлекол големо внимание од навивачите, а победата над Стивенсон би била огромно достигнување за Гарсија.
Гарсија се стреми и кон меч со Теренс Крафорд, што сигурно би му донело најголема заработка. Бад неодамна го победи Канело Алварез и стана апсолутен шампион во супер средна категорија.
Но, сите се согласуваат дека Рајан не го заслужил тој меч, а тоа тешко дека може да се случи сега, бидејќи Крафорд изјави дека нема да се врати на 70 килограми.



