АктуелноДомашна сценаКарате

ИН МЕМОРИАМ: Раде Геркоски карате мајстор за репрезентативци и шампиони

Почина Раде Геркоски – вадо рју  карате мајстор 7 дан и еден од пионерите на македонското карате.

Раде Геркоски мајстор на карате спортот, 7 дан – вадо рју школа. Роден е на 02.06.1949 година во с.Теарце, Тетово. Со карате почнал во далечната 1968 година во КК ,Мирче Ацев во Ѓорче Петров под раководство тренерите Естратиус Турудинов-Страте и Драгољуб Колевски.

По неколку годишно водење на карате секцијата Ферум, во 1975 година го основа и раководи со тренинзите Карате клубот Лепенец од населбата „Даме Груев“ во Општина Ѓорче Петров – Скопје.

Раде Геркоски беше карактеристичен по својата упорност и истрајност во водењето и промовирањето на млади врвни каратисти со кои ги постигна следните резултати:

На Сојузно првенство на СФР Југославија поединечно за младинци

*Николовски Звонко, трето место во 1986 година во Марибор,

*Димитриевиќ Срѓан, трето место во 1987 година во Титоград,

*Стојковски Бранко, второ место во 1987 година во Титоград,

*Миоски Горан, трето место во 1989 година во Пула,

*Атанасовски Гоце, прво место во 1990 година во Крушевац,

Сојузно првенство на СФРЈ поединечно за кадети

*Красниќи Ќерим, трето место во 1988 година во Сараево

Сите погоре наведени членови на КК ,,Лепенец” правото на учество на сојузно првенство на ниво на СФРЈ го имаат остварено врз основа на освоени први места на натпревари на ниво на СР Македонија.

Меѓународен турнир во Хасково , Р.Бугарија: *Ѓеркоски Дејан освоено прво место, кадет

Меѓународен турнир во Белград, Србија: * Ѓеркоски Дејан освоено прво место

Меѓународен турнир во Будимпешта, Унгарија: * Ѓеркоски Дејан освоено трето  место

Европски куп во Скопје: *Ѓеркоски Дејан освоено прво место

Државно првенство (за кадети и јуниори),1999 година

*Ѓеркоски Дејан,освоен  медал во сите дисциплини  и прогласен за најуспешен натпреварувач на првенството.

На сојузно првенство на Југославија екипно  за младинци во 1985 година во Скопје, КК ,,Лепенец” има освоено трето место .

На ниво на РМ, Екипно првенство за младинци од 1983 г.,четири години по ред прво место.

За репрезентацијата на СФРЈ, успешни настапи имаше тогашниот младинец  Гоце Атанасовски кој беше носител и на сребрен медал од Европскот вадо рју куп одржан 1991 година во Рим, Италија.

За сениорската репрезентација на Македонија, успешни настапи имаа неговите каратисти:

-Заборски Бошко, еден од најуспешните селектори а денес тренер на КК Макпетрол од Скопје;

-Миоски Горан, првиот капитен и знаменосец на првото Светско првенство одржано 1992 година во Гранада, Шпанија.

-Атанасовски Гоце, стандарден репрезентативец на Македонија;

-Димитријевиќ Дејан, стандарден репрезентативец на Македонија и плејада други негови каратисти.

Нека ти е светол патот Раде и Господ Бог да те прости.

Твоите другари од Унијата на карате ветерани на Македонија.

Погребот е во петок (19 септември) на гробиштата во Ѓорче Петров, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 12 часот.

Почивај во мир Раде.

Извор: Унијата на карате ветерани на Македонија

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON