АктуелноБоксПрофесионален

Александар Усик снимен како се забавува, тимот на Џозеф Паркер: Дали ви изгледа повреден?

Видео од Александар Усик како танцува во ноќен клуб предизвика сомнежи во таборот на Џозеф Паркер за веродостојноста на неговите тврдења за повреда.

Откако со брутален нокаут над Даниел Дубоа во јули повтотно стана неприкосновен шампион, на Усик му беше наредено од Светската боксерска организација (ВБО) да го предизвика Паркер како следен предизвикувач. На страните им беа дадени 30 дена да постигнат договор пред да биде распишана аукција, но тимот на Паркер предупреди дека воопшто немало комуникација од украинската страна. Ова веднаш предизвика стравувања дека Усик може да ја прескокне задолжителната одбрана, да се откаже од појасот и да премине на алтернатива, како што е трилогија со Тајсон Фјури.

На крајот беше објавено дека Усик побарал продолжување на закрепнувањето од повредите здобиени во борбата против Дубоа, а ВБО го одобрила. Но, оваа недела, снимката од Усик како лежерно танцува на сцената со пејачка на приватна забава се прошири низ интернет. Видеото брзо стана вирално и предизвика бран на забава кај фановите, но промотерот на Паркер, Дејвид Хигинс, реагираше поинаку.

„Не видов никакви медицински докази, но би помислиле дека сериозна повреда би спречила такви активности“, рече Хигинс и продолжи: „Што се однесува до мене, работите останаа исти. Ништо повеќе не може да ме изненади во боксот“.

Тој додаде дека Паркер останува целосно фокусиран: – Џозеф само сака борба и ја чека. Тој е подготвен за секого, каде било. Би сакал да боксира оваа година, и тоа што е можно поскоро“, заклучи Хигинс.

Засега, Паркер е во еден вид неизвесност, додека чека вести и исход од ситуацијата што би можела да му донесе долгоочекувана нова кандидатура за светската титула.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON