Усик може да биде поразен само на еден начин, го кажаа кој е тој

46-годишниот кубански боксер во тешка категорија Луис Ортиз (34-3, 29 КО) даде интервју за Јутјуб каналот Бокс студио.
Еден од најважните моменти од разговорот беше за апсолутниот шампион во категоријата, Украинецот Александар Усик (24-0, 15 КО).
„Усик заслужува почит од целиот свет, тој е експерт во боксот, тој е многу технички боксер, заслужуваше да биде светски шампион. Но, не го сметам за најдобар додека сум во боксот. Кога ќе се повлечам од боксот, тогаш ќе кажам дали е најдобар или не. Но, Усик знае кој е Кинг Конг (прекарот на Ортиз). Веќе реков дека тој е многу технички боксер и само со истата техничка прецизност може да се победи. И нема друг начин, во спротивно ќе продолжи да ги држи титулите“.
Ортиз зборуваше и за британскиот надежен боксер Мозес Итаума. „Тој јавно изјави дека е подготвен да боксира со мене, но му даваат боксери во лесна категорија. Велат дека Кинг Конг е веќе стар, дека сум дедо. Зошто тогаш не потпишат договор со мене? Имам име во боксот, а му даваат непознати боксери“.



