АктуелноБоксПрофесионален
Турки Алалаших инсистира на борба меѓу Усик и Мозес Итаума

Саудискиот промотор Турки Алалших е решен што побрзо да го донесе британскиот талент Мозес Итаума на врвот на тешката категорија. Според информациите од авторитетни публикации, инсистира следниот противник на апсолутниот светски шампион Александар Усик да биде 20-годишниот Итаума.
Алалших јасно изјави дека нема намера да финансира уште една борба во која ќе биде вклучен Украинецот, што ги доведува во прашање шпекулациите за можна борба меѓу Усик и Новозеландецот Џозеф Паркер.
Интересот за Итаума брзо порасна откако денес во Ријад во првата рунда го нокаутира сонародникот Дилиен Вајт, демонстрирајќи сила и зрелост што ретко се гледаат кај толку млад боксер.



