Овој човек е вистински воин! Бен Аскрен е повторно на нозе, погледнете ги неговите први чекори по операцијата (ВИДЕО)

Бен Аскрен продолжува да импресионира надвор од кафезот, овој пат против најголемиот противник во неговиот живот – човек кој се опоравува од двојна трансплантација на бели дробови. Минатата недела, тој објави ново видео од себе како оди, бавно, но сигурно, покажувајќи колку далеку стигнал во процесот на рехабилитација.
Поранешниот шампион на Белатор и ОНЕ Шампшионат помина низ здравствена криза која бараше исклучително ретка и тешка операција, но со својата вообичаена челична волја, тој не дозволува тоа да го спречи. Од првиот момент по процедурата, Аскрен редовно ги известува следбениците за својот напредок, претворајќи го патувањето за закрепнување во извор на инспирација за илјадници фанови.
https://twitter.com/Benaskren/status/1953500597023330675
„Учам повторно да одам“, рече тој во своето најново видео, видливо фокусиран на секој чекор. Неговите движења се сè уште бавни, но решителноста е иста како што покажа на боречките душеци и во октагонот на УФЦ. Јасно е дека ќе има подеми и падови, но сцени како оваа даваат причина за оптимизам.
Иако враќањето на физичкото ниво на кое беше пред операцијата е долго и тешко патување, „Фанки“ докажува дека борците не се откажуваат дури и кога нивната најголема борба е за сопствениот здив.



