
Борачките на „7 Мај“ освоија сребрен и бронзен медал на Меѓународниот турнир „Претседателски куп“ во Белград.
Медалите ги освоија Викторија Стојаноска (50 кг) го освои третото место, додека во категоријата до 53 кг Ангела Трајкоска се закити со сребрен медал. Тамара Цветкоска, која се натпреваруваше во категоријата до 62 кг, го освои петтото место по силна конкуренција.
„Иако Ангела и Тамара имаат само 17 години, тие се натпреваруваа во посилната категорија до 23 години (У-23), покажувајќи зрелост, храброст и исклучителна борбеност“, велат од клубот.
Се натпреваруваа 230 натпреварувачи од 17 земји и 37 клубови.
Екипен пласман во машка конкуренција:
- Црвена ѕвезда Белград;
- Белград на работниците;
- Вардар Македонија.
Во женска конкуренција:
- Црвена ѕвезда Белград;
- Хрватска;
- Молдавија.



