Џудо
На 2 и 3 август Европски џудо куп за јуниори – Скопје 2025

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото! Од 2 до 3 август, во Спортската сала „Јане Сандански“, ќе се одржи Европскиот куп за јуниори во џудо – престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија кој се бодува за светската ранг-листа.
Над 300 млади џудисти од повеќе од 25 земји ќе се борат за бодови и слава на патот кон европските и светските првенства!
По одличната организација на Европското првенство за кадети ова е уште еден значаен натпревар што и е доверен на Џудо федерацијата на Македонија, од каде што порачуваат:
„Бидете дел од големиот спортски настан и почувствувајте ја магијата на џудото“!




