Александар Усик е на врвот на новата ранг-листа на ESPN „паунд фор паунд“

Американскиот спортски гигант ЕСПН ја објави ажурираната ранг-листа на десетте најдобри професионални боксери во светот „паунд фор паунд“ – без оглед на тежинската класа. На новото рангирање на врвот е апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Александар Усик.
Украинецот е на врвот на престижната листа по импресивната победа минатата недела над Даниел Дубоа со нокаут во петтата рунда. Борбата се одржа на стадионот Вембли во Лондон и го зацврсти статусот на Усик како еден од најдоминантните боксери на модерната ера.
Имаше и други значајни промени во рангирањето. Артур Бетербиев испадна од топ 5 и му ја отстапи позицијата на американскиот шампион во бантам категорија, Џеси Родригез, кој напредуваше неколку места по убедливите победи во неговите неодамнешни борби.
Еве ги целосно ажурираните топ десет на ЕСПН:
Александар Усик
Наоја Инуе
Теренс Крафорд
Дмитри Бивол
Џеси Родригез
Артур Бетербиев
Шакур Стивенсон
Сол „Канело“ Алварез
Давид Бенавидез
Јунто Накатани



