АктуелноМеѓународна сценаММА
Илија Топурија: Борбата против Арман Царукјан не е ни на дневен ред

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Илија Топурија, ги кажа очекувањата за следната борба во кариерата откако неодамна ја освои титулата со импресивен нокаут.
„Кој ќе ми биде противник? Мислам дека ќе се обидат да му дадат шанса за титулата на Џастин Гејџи. И јас така мислам. Или можеби Педи Пимблет ќе се соочи со мене. Борбата против Арман Царукјан не е ни на дневен ред“, рече Топурија во интервју за Чемпионшип раундс.
Кон крајот на јуни 27-годишниот борец со грузиски корени и шпански пасош го детронизираше поранешниот шампион Чарлс Оливеира, нокаутирајќи го во првата рунда. Победата му го донесе празниот појас во лесна категорија, а со тоа и признание како еден од најдоминантните борци во УФЦ.



