Сејџ Норткат: Донесов нешто ново во УФЦ, зато сум платен

Sedz Nortkat muskuli

Сејџ Норткат влезе громогласно во УФЦ. Уште на самото деби во организацијата, тој беше рекламиран како ѕвезда и зема значително поголеми хонорари од останатите регрути.

Иако некои луѓе не го одобруваат тоа, борецот смета дека тоа е сосема во ред. Еве зошто:

„Сакам сите во УФЦ да заработат максимално многу пари. Конор и Ронда ја поставуваат горната граница за нас. Колку повеќе заработуваат, толку подобро за нас. Секој во УФЦ треба да сака да заработува повеќе пари“.

За целта, сепак, младиот Норткат смета дека еден борец самиот треба да придонесе за тоа, како да обезбеди нови и невидени нешта во октагонот. А со одличната статистика, атрактивниот стил и поларизирана личност, Сејџ смета дека тој влегува во овој простор.

„Мислам дека јас придонесувам со нешто ново, нешто што ги тера луѓето да ја следат мојата кариера. Борците треба да придонесуваат со нешто што ја крева вредноста на УФЦ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО