Арабел Рустемовски совлада силен противник на ЕП и најави борба за медал

Од четворица наши боксери са0мо Арабел Рустемовски извојува победа на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија, под покровителство на ЕУБЦ.
Рустемовски го совлада силниот протовник од Русија, Денис Красиук, кој настапува под закрила на ЕУБЦ.
Наредната борба на Арабел е на 12 јули против српскиот репрезентативец Теодор Јосијевиќ. Со победа нашиот боксер обезбедува полуфинале и најмалку бронза.
Утре во рингот влегува Ануар Имери.
Нови Пазар е домаќин на над 200 машки и женски боксери од над 20 земји во 13 тежински категории.
Резултати Европско првенство јуниори:
48 кг Петар Трајчевски – Али Алијев (Азербејџан) 5-0
54 кг Сонер Ајрушов – Артсиом Панчанка (Белорусија) 0-5
63 кг Алберт Ибрахими – Камо Варданјан (Ерменија) 0-5 ТКО Р1
52 кг
Арабел Рустемовски – Денис Мисиук (ИБА) 5-0
Арабел Рустемовски –Теодор Јосијевиќ 12 јули
57 кг Ануар Имери – Карен Захарјан (Ерменија) 11 јули



