АктуелноДомашна сценаКик бокс
Вицешампионот Лука Змејкоски на тренинзи кај шампионот Даниел Стефановски

Еден од најперспективните македонски кикбоксери Лука Змејкоски е во Швајцарија кај Македонскиот воин – Даниел Стефановски кој настапува во престижната светска организација Глори и има светски титули во Суперкомбат и други организации.
Светскиот јуниорски вицешампион објасни како дошло до соработка со Стефановски.
„Јас му напишав да имам тренинг со него, а тој ми рече да отидам во Швајцарија, со тоа што само ќе си ја платам авионската карта, додека смесувањето и тренинзите од него“, вели Змејкоски и додава:

Во Швајцарија останам 20дена. Целта на заедничките тренизни е да видам како тренира еден професионалец, да поработиме заедно и да стеканам искуство со него“.
Змејкоски нагласува дека Македонците соработуваат меѓу себе.



